ЕГИПЕТ & ЦРВЕНО МОРЕ
ЕГИПЕТ е пустинска земја која се простира на запад и југ на Либиската пустиња а на исток на Арапската пустиња. Лоциран е на суптропски појас поради што во лето владеат високи температури кои растат како се оди кон југ каде практично и воопшто нема дождови. Од крајот на IV милениум пред новата ера, на овој простор секогаш се случувало нешто многу важно за целата човечка цивилизација, било да се во прашање големите градежни работи, научни достигнувања или големите борбени освојувања. Иако познат по нив, Египет не се само пирамидите, храмовите, античките богатства и културно историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море, нуркањето, богат ноќен живот, луксузни хотели и ресторани, романтични крстарења по Нил, адреналински сафари тури ...Тоа е земја на весели и срдечни луѓе, добра музика, возбудливи пејсажи и можност за добри авантури.

Египет - земја со 5.000 години цивилизациска историја, најстариот сведок на човештвото; земја во која природата, божествата, времето и вечноста се спојуваат.

Климата во Египет
Летните месеци можат да бидат прилично топли, особено во внатрешниот пустински дел каде температурите се многу високи. Приморската обала на Црвеното Море од друга страна се карактеризира со сув воздух и ветер кој постојано дува, што овозможува за освежување на воздухот и пријатно чувство и во најтоплите периоди од денот. Црвено Море е топло, со прекрасни тиркизни тонови и убави песочни плажи.  Температурата на морето не паѓа под 20 степени поради што изобилува со богат подводен свет, прекрасни корални гребени и најразлични тропски риби.
Локална валута во Египет
Локална валута е Египетската Фунта (LE ). Парите може да се менуваат во локалните менувачници, во банки или на рецепција во хотелите. Курсот варира, па добро е пред поаѓање да ја проверите моменталната вредност на Египетската Фунта.

Летувалишта
Најпознатите летувалишта во Египет се наоѓаат на обалата на прекрасното Црвено Море, а тие се Хургада и Шарм Ел Шеик. 

 

ХУРГАДА 

Лоцирана на западната обала на Црвеното Море - на афричко тло, Хургада е меѓу најатрактивните туристички ресорти во Египет. Освен за уживање во стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години. Изобилува со хотели кои овозможуваат  комодитети како сите врвни светски одморалишта. 
» Повеќе 

 

ШАРМ ЕЛ ШЕИК

Туристичкиот бисер на Црвеното Море, лоциран на нај јужната точка од Синајскиот полуостров е можеби најелитното летувалиште во регионот. Изобилува со луксузни хотели од познати меѓународни хотелски ланци распространети покрај брегот, голем број на содржини,а морето во тој дел изобилува со неверојатен подводен свет па затоа Шарм е меѓу најпознатите дестинации за љубителите на подводниот свет и нуркањето. Локацијата му овозможува лесна достапност на Каиро, но и на други интересни локалитети како Мојсиевата Гора со манастирот Света Катерина, а особено интересно е што од Шарм Ел Шеик може да се организираат посети на Израел и Јордан (Петра).
» Повеќе  


НИЛ & КРСТАРЕЊЕ

Крстарењето со  брод по реката Нил се одвива најчесто помеѓу Асуан и Луксор, во должина од окулу 220 км. Тое е можност да се ужива во раскошната убавина по долината на реката Нил, а од исток и запад погледот ви го земаат вечните пустини.
Ова патување е прилика да се запознаете не само со најстарата цивилизација на планетата, каде културата, уметноста и науката значајно влијаеле врз развојот на човештвото, туку  и да ја доживеете убавината на земјата чија судбина со векови е врзана за НИЛ, мајка на реките, која што претставува единствен извор на живот и опстанок на северо-источна Африка.