Банско е најмладиот и најразвиениот ски-центар во Бугарија. Тој беше еден од кандидатите за Зимските олимписки игри во 2014 година. Градот Банско се наоѓа во подножјето на планината Пирин, на надморска височина од 925 м. Некогаш мал град со историски центар заштитен од УНЕСКО, Банско се претвори во главен туристички центар и најпознато бугарско скијачко одморалиште. Банско процвета од 2001 година, кога беше изградена гондолата, проследена со голем број модерни хотели и станови. Банско се наоѓа на 160 км јужно од Софија и 150 км од Пловдив (втор по големина град во Бугарија) и има околу 9.500 постојани жители. Локацијата на Банско овозможува снежна покривка од декември до април, а алпската природа на планините Пирин обезбедува одлични услови за скијање.
Ски-центар Банско
Ски-центарот „Банско“ е оддалечен 12 км од градот и се наоѓа на северните падини на планината Пирин, на надморска височина од 2600 м, додека највисок врв е Пирин - Вихрен на 2719 м. Вкупната должина на ски-патеките е над 70 км, кои почнуваат од надморска височина од 2.550 метри и се спуштаат на 1.000 m надморска височина.
Од градот до подножјето на ски-центарот вози Гондола со осум седишта. Покрај гондолата, скијачкиот центар Банско има ски-лифтови: 6 четвороседи, 1 шестосед, 1 тросед и 4 сидра. Вкупната должина на сите патеки е 70 км, вклучувајќи 8 сини, 11 црвени и 2 црни патеки. Најпознатата патека е црна и е именувана како „Томба“ по славниот италијански скијач Алберт Томба, кој бил еден од промотерите на Банско. Трките на Светскиот куп се одржуваат на оваа патека. Покрај патеките за алпско скијање, има и 12 км ски патеки за крос-кантри скијање, а за за сноубордерите има и фристајл парк . Современиот систем на патеки и ски-лифтови, исклучително поволните временски услови (просечна температура во јануари е - 1,9 ° C) и системот за вештачки снег на патеките ја прават сезоната на скијање во скијачкиот центар „Банско“ да трае од средината на декември до средината на мај.