Дубаи  – единствен, екстравагантен и луксузен... се само некои од епитетите кои го красат овој уникатен град. Дубаи е возбудлива алхемија на апсолутните традиции и амбициозна футуристичка визија обвиткана во неверојатно евокативниот сјај на пустината.
Дубаи претставува уникатен спој на комфорот помешан со традиционалните обичаи и начинот на живот. Дубаи е ултра модерен град, центар на меѓународниот бизнис со импресивни архитектонски дизајни и решенија, високи згради, магични фонтани, прекрасни плажи, вештачки остров во форма на палма, со највисоката зграда во светот - Бурџ Калифа, со единствениот хотел на светот со категорија од 7 звезди, 70 трговски центри, покриен ски центар со 5 скијачки патеки. Никаде во светот нема да најдете град каде ќе доживеете таква возбудлива комбинација на традицијата и модерното.
Дубаи е најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати и е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на Персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град-држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Се одликува со карактеристична пустинска или суптропска клима, и освен во лето кога температурите можат да достигнат и до 49° C степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температури од 20 - 35 степени.
Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи е во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист, со нова и единствена туристичка понуда. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. Близината до европското копно го прават одлична дестинација, дури и за краток престој. Заради квалитетниот животен стандард во последните години градот бележи и највисока стапка на доселеници во светот. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.
Дубаи е вистински спој на традицијата и модерното. Прошетајте низ стариот дел на Дубаи и осетете ги мирисите на зачините на пазарот Spice Souk Market, ако сте љубител на златото и златниот накит тука е за вас пазарот Gold Souk познат по голем избор на накит. Во Дубаи, можете да ја посетите една од најубавите плажи Џумеира (Jumeirah Beach), да се искачите на највисоката зграда на светот Бурж Калифа (Burj Khalifa), да ноќевате во единствениот хотел со 7 зведи во светот Бурж Ал Араб (Burj Al Arab), да пробате сноубординг на дини со песок, да одите на пустинско сафари и ако сте обожавател на шопинг, ова е вистинскиот мал рај за вас. Дубаи е идеален за сите туристи, а големот број хотели можат да ги задоволат и највисоките критериумите на секој гостин.
Препуштете се на вистинско уживање, Аурора ве носи во Дубаи, на патување во кое ќе зачекорите во иднината, ќе ја доживеете магијата на арапскиот свет и традициите, ќе уживате во градот на контрастите и блескавата метропола на Персискиот залив, подгответе се за доживување од приказните за 1001 ноќ, за неверојатно искуство во градот на иднината, за спомени што ќе останат со вас во текот на целиот живот!