Халкидики е најпознатиот регион во северна Грција, познат по својата медитеранска клима, големиот број на зимзелени и листопадни шуми, многубројни песочни плажи кои се простираат на трите познати делови кај нас попознати како краци - Касандра, Ситониа и Атос.

Касандра или првиот крак е најразвиен, нуди многубројни долги песочни плажи, големи хотелски комплекси и ноќни клубови, а се наоѓа на само еден час возење од Солун. На брегот има многу плажи каде што морето е плитко така што е и омилена дестинација за семејства со деца. Како популарни места може да се споменат Неа Потидеа, Афитос, Калитеа, Криопиги, Полихроно, Ханиоти, Префкохори...
Ситонија е вториот крак кој исто така е познат по големите хотелски комплекси како и преубавите песочни плажи вгнездени во заливи опкружени со густи борови шуми. Во овој дел морето е навистина тиркизно и создава чувство како да сте на некој тропски остров во далечните океани. По познати туристички места се Геракини, Метаморфози, Никити, Неос Мармарас ( Порто Карас ), Сарти, Торони...
Атос или третиот крак на кој се наоќа Манастирскиот комплекс познат како Света Гора се карактеризира со убави песочни плажи и хотелски комплекси за пријатен одмор. Познато место е Уранополис како и остров со преубава природа и вегетација Амулиани.