МАЛДИВИ - РАЈСКИ ОСТРОВИ
Архипелаг од околу 1190 острови,групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска височина од 1.5m, податок кој сигурно ќе Ве эачуди. Но,коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови. Острови со бел корален песок, кокосови  палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Места кои се одликуваат со својатаединственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете...тоа се токму овие рајски острови Малдивите.
Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Дождовите обично се присутни во периодот јуни – јули, но сепак не можете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување
и веднаш исчезнуваат.
Островите се населени повеќе од 2500 години. Моментално на островите живеат околу 390.000 жители, од кој повеќето се населени во главниот град Мале.

Аурора Турс располага со обемна понуда за Малдивските Острови. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.