СЕЈШЕЛИ – ОСТРОВИ НА ВЕЧНОТО СОНЦЕ
Сејшели – острови кои ја разигруваат фантазијата, повикуваат слики од тропски рај и скриеното пиратско богатство, тропска убавина која ќе ја запали вашата љубопитност и ќе ви ги разниша сетилата. Сејшелите ги нарекуваат вистински земски рај, бидејќи секој остров, окружен од фасцинантниот Индиски океан, ја крие својата тајна и издира небесна убавина. Бујната тропска вегетација, разнобојните корални гребени, густите тропски шуми, џиновските желки, сафирната боја на океанот и километарските песочни плажи се разгледница на Сејшелиските острови. 

Аурора Турс располага со обемна понуда за Сејшелите. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.

 

Сејшелските острови претставуваат архипелаг со легендарна убавина составен од 115 гранитни и корални острови во западниот дел на Индиски Океан, од кои 33 населени, на 1500 км од источниот брег на Африканскиот континент. Овој изолиран рај многу го сметаат за најубав архипелаг во светот. Неколку стотина плажи кои се протегаат на островите Махе, Праслин и Ла Диг, се едни од најубавите во светот.
На најголемиот остров Махе се наоѓа меѓународниот аеродром и најмалиот главен град на светот, Викторија. На Махе живее 90% од вкупното население, и претставува  економски и политички центар на архипелагот. Махе го красат многубројни ботанички градини, со тропски цвеќиња и растенија, плантажи со чај и песочни плажи со боја на ванила. Најголемата плажа на овој остров е Beau Vallon, која се наоѓа на северозападниот брег на островот. Оваа плажа се карактеризира со отсуство на морски струи, карпи и корали; што ја прави идеална за бањање. Најубава плажа во јужниот дел на островот е Ance Intendance, со бел песок. Плажата Ance Soleil е идеална за нуркачи, поради големиот број на различни видови на риби.
Вториот по големина остров Праслин е оддалечен  45 километри североисточно од островот Махе. Познат е по градината Vallée de Mai, која се вбројува во светското наследство на УНЕСКО. На островот расте најголемиот кокосов орев  Coco de Mer. Најпознатата плажа на островот е Anse Lazio, позната по своите прекрасни корални гребени. Плажата  Cote d’Or е најубавата плажа и е идеална за љубителите на нуркањето.
Ла Диг, остров познат по своите плажи, како Anse Source d'Argent, најпопуларната и најфотографирана плажа со гранитни карпи, на западниот брег. На југ се наоѓа плажатата Anse Bonnet Carré, со мирна, плитка вода, достапна само пеш, како и плажата Anse Cocos Beach, во заштитен залив на источниот брег.
Сејшелските острови нудат егзотична флора и фауна што никаде не може да се најде на планетата. Во светот што се движи брзо напред, Сејшелите остануваат она што отсекогаш биле - мирни, недопрени и единствени острови, чие население се карактеризира со љубезност и пријателско расположение. Овие острови се изолирани од сето она што е комерцијално, животот е побавен, бидејќи времето тука има поинакво значење. Затоа овој архипелаг е една од главните туристички дестинации во светот.
Аурора ве води во Сејшели на неверојатно патување помеѓу соништата и реалноста, следи средба со земјата на вечното сонце, каде хармонијата претставува начин на живот... Подгответе се за доживување кое нема почетна или крајна точка, за неверојатно искуство и убавина во неверојатните, егзотични, шарени и единствени Сејшели, за спомени што ќе останат со вас во текот на целиот живот – искуство што е навистина неверојатно...