ТАЈЛАНД
Иако познат како земја на орхидеи, мистични реки, недогледни тропски шуми, извонредни храмови и рајски плажи, пред сè, е земја со широка традиција. Симболот на среќа – слон ќе ве следи на секој чекор и ќе Ви остави незаборавен впечаток при патувањето во Тајланд.

Повеќе од 20 години Аурора Ви овозможува да ги посетите најатрактивните места на Тајланд. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување која може да вклучи едно или комбинација на повеќе посетени места, екскурзии, трансфери, итн...

 

БАНГКОК
Бангкок е град на контрасти на секој чекор, блескави храмови, ноќни забави, преубави песочни плажи, пловечки пазари. Тајландската храна е самата атракција за себе, од локалните јадења коишто се служат на скромните улични тезги до елитните кујни во луксузни романтични ресторани. Трговски центри со многубројни бутици и пазари, со поволни цени. Екстравагантни луксузни хотели и скромни апартмани Ви посакуваат добредојде со истата славна тајландска гостопримливост. И ниту една посета на Бангкок не би била комплетна без нејзиниот познат ноќен живот - од кабареа до егзотични ноќни клубови. Бангкок започнал како мал трговски центар на западниот брег на реката Chao Phraya пред околу 200 години. Денес, додека градот се развива во тек со модерните времиња, сè уште преовладува и се издигнува славата на нејзиното минато. Блескави храмови, спектакуларни палати, светски познатиот пловечки пазар… секое од овие места има интригантна приказна за раскажување.
ПУКЕТ
Пукет е најголемиот остров на Тајланд и најубавиот остров на Андаманско море.  Пукет е надалеку познат по најубавите плажи во светот, со бели песоци, палми, кристална вода. Пукет има површина од 550 км 2 и е оддалечен од Бангкок околу 900 км. На север островот е поврзан со копното со мост долг 700 метри. Има околу 700.000 жители, главно Кинези кои доаѓале да работат во рудниците за калај. Пукет има богата историја која најдобро ќе се запознае ако се посети Стариот град има нешто за секој вкус и буџет, со избор од стотици хотели, со богат избор на храна и забава. Освен посета на фантастични атракции на најголемиот остров на Тајланд, можете да бидете дел и од возбудливо патување со моторни чамци во многубројни блиски тропски краеви, вклучувајќи ги и познатите острови Fi Fi island или да уживате во мирно крстарење околу истичниот залив Fang Nga Bay. Пукет е единствен со повеќе  од 30 неверојатни плажи, од кои најпознати се Patong beach Kata, Karon, Kamala.
КОХ ЧАНГ
Лоциран во Источен Тајланд, на самата граница со Камбоџа, овој егзотичен остров е вистински рај за сите оние што се восхитуваат од ексклузивитетот на природните убавини. Кох Чанг, кој е дел од националниот парк Му Ко Ко Чанг, е еден од најубавите острови на Тајланд, со долги бели песочни плажи. Островот исто така е дом на широк спектар на диви животни, вклучувајќи голем број на птици, змии, елени и слонови. Островот и неговата околина се одлични места за нуркање и пешачење низ џунглата. Островот KOH CHANG, на само 5 часа возење од Bangkok,обраснат во густа шума од палми и лијани, со бели песочни плажи наткриени од кокосови палми, со бистра, зелено обоена вода, со најразлично тропско овошје, егзотични коктели, лулашки по плажите и на секој чекор таи масажа, прави да се почувствувате дека сте во рајот. Овдека сè уште е прилично евтино и веднаш  штом ќе стигнете ќе сфатите дека на луѓето кои живеат во ова парче недопрена природа, со топла клима и можност да се наполни стомакот во секое време, им е навистина добро… Островот е долг околу 40 км. а широк 25 км и она што не треба да се пропушти е јавањето на слон низ џунглата (околу 2 часа) како и нуркањето по околните корални гребени кои наликуваат на расцветани рајски градини.
ПАТАЈА
Патаја е најпознатото туристичко летувалиште во Тајланд, како и една од најатрактивните светски дестинации. Релаксирајте се и уживајте во сонцето и морето на прекрасните песочни плажи, запловете со бротче до некој од блиските корални острови… а навечер, Патаја е приказна за себе. Од различни забави, дискотеки, ресторани, насмеани кабаретски претстави, таи масажи, до најбурниот ноќен живот кој нуди незаборавно искуство.