ТУНИС
Тунис е земја во која се спојуваат илјадници години култура, земја на традиција и легенди, светлина и боја, ритам на контраст и срцето на Медитеранот. Со своите прекрасни долги и широки песочни плажи, бројни хотели и културно-историски споменици, привлекува многубројни туристи од целиот свет кои ги истражуваат знаменитостите на бурното минато, како и непознатите на секогаш мистична и убава Сахара.
Тунис е најмалата и најсеверната африканска земја лоцирана во северозападниот дел на најжешкиот континент. Од најсеверната точка до Сицилија е само 145 км. Од северот и истокот, нејзините брегови во должина од 1300км ги заплискуваат  водите на Средоземното Море, на запад грани со Алжир и Либија на југоисток. Околу 40 проценти од јужните и југозападните територии се покриени од пустината Сахара. Планинскиот венец, дел од Источен Атлас, сече дијагонално низ целата земја и ја дели пустината од медитеранската клима. Тунис има богата и долга историја, но најбурен период доаѓа од пристигнувањето на Феникијците, основачите на Картагина, во деветтиот век п.н.е., па станува збор за 3000-годишна историја и култура во која влијанијанието го менуваат  Пуните, Римјаните, Арапите, Турците, Африканците и разни европски народи ... се до доаѓањето на Французите и воспоставувањето на нивниот протекторат над Тунис кон крајот на 19 век. Домородците на Тунис се Бербери кои денес сè уште зборуваат берберски јазик. По бурната историја обележана од разни освојувачи, Тунис станува Република Тунис во 1957 година.
Што да се посети во Тунис: 
Tуристите во Тунис можат да ги посетат историските споменици, како што се остатоците од античката Картагина, римскиот амфитеатар во El Jem и Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на римски мозаици, потоа извонредната архитектура со Арапско-Андалузиски стил во Sidi Bou Said и културните споменици, од кои некои се единствени во Африка. Исто такја тука се и необичните Берберски куќи закопани во мекиот пустински камен-песочник, можете да пробате различни национални јадења од традиционална Берберска кујна, прочуениот кус кус или француски багети, кроасани и сирења, италијански тестенини пропратени со звуците на италијанската канцона . Летната сезона на Тунис трае во текот на целата година, поради медитеранската клима. Сонцето, плажите, морето, песокот, камилите, пустината, удобните хотели се првата асоцијација за оние кои патуваат во Тунис. Тунис е сè, но многу повеќе…