1 ден. ( 07.12.2023 ЧЕТВРТОК ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:45 часот. Лет за Истанбул во 08:45 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 12:20 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула, прошетка по живописната и шарена населба Балат, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден (08.12.2023 ПЕТОК ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствената Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
ПРЕДЛОГ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – Ноќно крстарење по Босфор – ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД! Целовечерно крстарење по Босфор, под спектакуларните мостови кои што ја поврзуваат Европа со Азија, проследено со целовечерна забава и шоу, со неограничени пијалоци и вкусни турски специјалитети. Ноќевање.
3 ден ( 09.12.2023 САБОТА ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативен излет: Панорамски разглед на градот со локален водич, Европски и Азиски дел, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството, Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативен излет, популарното крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Можност за посета на Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден (10.12.2023 НЕДЕЛА ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот и еден од најголемите трговски центри ФОРУМ Истанбул кој е богат со многу бутици, продавници и аутлети од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 20:25 часот по локално време . Пристигнување во Скопје во 19:55 часот по локално време. и одјавување на собите согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот трговски центар CEVAHIR MALL Истанбул кој е богат со многу бутици и продавници од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 16:05 часот по локално време . Пристигнување во Скопје во 15:35 часот по локално време.