1 Ден: 29.12.2023 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА:
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 07:50 часот. Полетување за Истанбул во 09:50 часот со лет PC352. Пристигнување во Истанбул во 13:20 часот. Полетување за Казабланка во 20:40 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 00:05. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 Ден: 30.12.2023 КАЗАБЛАНКА - МЕКНЕС (240км):
Појадок. Разглед на најголемиот град и финансиската престолнина на Мароко, Казабланка: Habous distrikt, Кралската палата, плоштадот Мохамед V, резидентската област на Anfa и прекрасната џамија Hasan II (факултативно – доплата за влез во џамијата). Патувањето продолжува кон Мекнес, зелениот град опколен со бедем долг 40 км. Вечера. Ноќевање.
3 Ден: 31.12.2023 МЕКНЕС - ФЕС (52 км):
По појадокот започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, кој е основан на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Разглед на Мекнес: мавзолејот на султанот Mule Ismail, портата на Bab Mansour и плоштадот, кралеската ергела и еврескиот кварт. Дополнително разгледување го вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Потоа продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес. Сместување во хотел. Вклучена новогодишна вечера. Ноќевање.
4 Ден: 01.01.2024 ФЕС - РАБАТ (208 км):
После појадокот со спакуван багаж, се упатуваме кон откривање на ФЕС, некогашната најголема религиозна престолнина на Мароко. Фес го има најголемиот средновековен стар град - Медина во Африка, веројатно и во светот, каде што се наоѓаат Attarina I Bou Anania Medresa – верските училишта, познатата фонтана Nejjarina, мавзолеот Moulay Idriss, џамијата Keruan, како и многубројните интересни и шарени занаетски работилници на керамика, килими, предмети од сребро и бакар...како и работилници за бојадисување на кожа. По завршување на разгледот се упатуваме кон Рабат. Пристигнување во хотел вечера и ноќевање.
5 Ден: 02.01.2024 РАБАТ :
По појадокот, разглед на градот: Медината (стариот град), зградата на парламентот, Кралската палата-Mechouar, поштата, Хасан кула и Мавзолејот на Мухамед V… Слободно време. Вечера во хотелот. Ноќевање
6 Ден: 03.01.2024 РАБАТ – МАРАКЕШ (320 км):
После појадокот со спакуван багаж заминуваме кон Маркеш, со попатни задржувања за одмор. По впечатоците од посетителите Маракеш е еден од најинтересните градови во Мароко како и втор по големина кралски град. По пристигнувањето и сместувањето во хотел, слободно време за прошетка. Вечера. Ноќевање.
7 Ден: 04.01.2024 МАРАКЕШ:
Појадок.Разглед на историскиот центар на Маракеш, втор најстар кралски град, познат како бисер на југот. Планираниот разглед на градот го вклучува следното: познатите градини Majorela, каде што живеел и создавал Ив Сен Лорен, палатата Bahija, џамијата Kutubia, посета на Медината и познатиот плоштад Djema El Fna, пазаратот и занаетчискиот кварт... Факултативен ручек во некој од рестораните. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
8 Ден: 05.01.2024 МАРАКЕШ - КАЗАБЛАНКА (240 км):
После појадокот, трансфер во Казабланка.Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме на шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка за повратен лет.
9 Ден: 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул PC652 во 01:10. Пристигнување во Истанбул во 07:55. Лет за Скопје со лет PC 351 во 09:25, пристигнување во Скопје во 08:55 часот.