Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
ИСТАНБУЛ 8 Март
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ИСТАНБУЛ - 8ми Март 2023

09.03.2023 - 12.03.2023 | 3 ноќи - 4 дена

Групно патување со директен лет од Скопје


» Директен лет од Скопје со Pegasus Airlines.
» 3 ноќевања со појадок во хотел 4*
» Чекиран багаж
» Сите Трансфери


Истанбул
 - градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 20 милиони луѓе

 --- 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
» Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlines
» Аеродромски такси, чекиран багаж (до 20кг)
» Панорамски разглед на градот со превоз и локален водич
» Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот дел на Истанбул
» Прошетки со придружник  на групата
» Организирани трансфери во Истанбул: аеродром - хотел – аеродром (на враќање со попатен стоп во EMAAR MALL – Истанбул)

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Патничко здравствено осигурување
» Дополнителни оброци
» Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
» Факултативни посети, излети и влезници
» Прослава за 8ми Март – Турска вечер, Крстарење на брод или ресторан

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
» Излет 1 (40€) Долмабахче палата и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници во објектите ( влезница во Sapphire Seyir Terasi не е вклучена, истата чини 15€) 
» Влезница за Долмабахче Палата – 25€, Крстарење по Босфор 20€
» Излет 2 (45€) Султанахмет ( Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром ) Топкапи Палата, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич. Без влезница за Топкапи Палата цената на овој излет е 25 €.
» Излет 3 ( 40€ / 50€ ) Ноќно крстарење – Турска вечер, ( традиционални танци, стомачни танци, забавен дел) – 40 € - со неограничени безалкохолни пијалоци, 50 € - со неограничени алкохолни пијалоци, вклучен трансфер од/до хотел.
» ПАКЕТ Излет 1 & Излет 2 : 85 €  75 € по лице ( 90€ со Sapphire Seyir Terasi )

*** Цените за факултативните излети се изразени по лице.
*** За реализација на факултативите (Излет 1 и Излет 2) потребни се најмалку 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.

ЗАБЕЛЕШКИ:
» Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
» За реализација на аранжманот, потребен е минимум број од 15 патници.
» Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
» Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
» За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
» За овој аранжман важат општите услови на патување на Аурора Турс.
» Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
» Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
» Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
При влез во Р. Турција, според актуелните Covid-19 протоколи потребно е да се приложи еден од следните документи:
» Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
» Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со Вас, или
» Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете го со Вас.
Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат  “Електронски формулар” во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк  https://register.health.gov.tr

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Согласно мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 год.) кои немаат еден од наведените документи ќе добијат решение за задолжителна изолација во времетраење од 7 дена.

Протоколите за влез / излез од државите може да бидат променети.

--- 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден. ( 05.03.2022 Сабота ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ 
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:30 часот. Лет за Истанбул во 10:10 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines (PC 352). Пристигнување во Истанбул во 13:35 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула,  слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум, или предлог прошетка по Лалели, со придружба на нашиот претставник. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (06.03.2022 Недела ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, со посета на Чамлиџа-џамија која претставува најголема и најнова Џамија во Истанбул, сместена на Азиската страна на Истанбул од каде што има фантастичен поглед кон Босфорот. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Можност за посета на Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi )  со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден ( 07.03.2022 Понеделник ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со знаменитостите, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. ПРЕДЛОГ – Ноќно крстарење – ПРОСЛАВА ЗА ОСМИ МАРТ - ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД ! Ноќевање.

4 ден (08.03.2022 Вторник  ) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ 
Појадок и одјавување на собите согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот трговски центар EMAAR SQUARE MALL Истанбул кој е богат со многу бутици и продавници од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот
и подводната зоолошка градина ЕМАР,  во која се среќаваат повеќе од 20.000 водни суштества од различни зони на светот каде ќе соберете уникатни искуства и незаборавни спомени додека ги откривате чудата на океаните. 200 различни видови морски суштества и водоземци, вклучувајќи го џиновскиот кралски крокодил, пингвините Хумболт, чудни и отровни видови од џунглите па се до длабочините на океаните, ги пречекуваат посетителите во восхитувачки подводен свет.
Трансфер кон аеродромот Лет за Скопје во 16:25 часот по локално време (PC 351). Пристигнување во Скопје во 15:55 часот по локално време. 

 --- 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ИСТАНБУЛ - 8ми Март 2023

09.03.2023 - 12.03.2023 | 3 ноќи - 4 дена

Групно патување со директен лет од Скопје


» Директен лет од Скопје со Pegasus Airlines.
» 3 ноќевања со појадок во хотел 4*
» Чекиран багаж
» Трансфери
» Прошетки со приружник на групата


Истанбул
- градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 20 милиони луѓе ---


Превземи PDF Програма

 

Забелешки

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж (до 20кг).
• Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел во историскиот дел на Истанбул.
• Организација и пратител на групата.
• Прошетки со придружник на групата
• Организирани трансфери во Истанбул: аеродром - хотел – аеродром (на враќање со попатен стоп во CEVAHIR MALL –
Истанбул).

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
• Факултативни посети, излети и влезници.
• Турска вечер, Крстарење на брод или ресторан

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
 

Излет 1 ( 55 € ) Султанахмет ( Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром ) Топкапи Палата, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич, без влезница за Топкапи Палата цената на овој излет изнесува - 35 €.
Излет 2 ( 95 € ) Панорамски разглед, Населба Балат, Вселенска Патријаршија Долмабахче палата и крстарење поБосфор со превоз, водич и влезници во објектите (влезница во Sapphire Seyir Terasi не е вклучена, истата чини 35 €). Без влезница за Долмабахче палата цената на овој излет изнесува – 75 €.
Излет 3 ( 50€ / 60€ ) Ноќно крстарење – Турска вечер, (традиционални танци, стомачни танци, забавен дел) – 50€  со неограничени безалкохолни пијалоци, 60 € - со неограничени алкохолни пијалоци, вклучен трансфер од/до хотел.
• Факултативен излет – прв ден АЗИСКИ ДЕЛ – USKUDAR / KUZGUNCUK / KADIKOY – 30 € по лице

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:Излет 1 & Излет 2: 140 € по лице (170 € со Sapphire Seyir Terasi*

*** цените за факултативните излети се изразени по лице ***
*** За реализација на факултативите потребни се најмалку 15 патници ***


ЗАБЕЛЕШКИ:
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум број од 15 патници.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• Цени за еднокреветна и трокреветна соба, како и за сместување со деца се достапни на барање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

 

За оваа програма важат Општите Услови на Патување  на Аурора  Турс
 

Програма

1 ден. ( 09.03.2023 четврток ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во часот. Лет за Истанбул во часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум, или предлог – поаѓање со јавен или организиран превоз АЗИСКИ ДЕЛ – USKUDAR / KUZGUNCUK / KADIKOY. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (10.03.2023 петок ) ИСТАНБУЛ 
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела. Последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед.Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи. Ноќевање.
ПРЕДЛОГ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ – Прослава за денот на Жената – Ноќно крстарење –ТУРСКА ВЕЧЕРНА БРОД !

3 ден ( 11.03.2023 сабота ) ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството,  Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили  кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Можност за  посета на Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден (12.03.2023 недела) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок и одјавување на собите согласно хотелските правила. Групата се упатува кон познатиот трговски центар CEVAHIR MALL Истанбул кој е богат со многу бутици и продавници од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 16:05 часот по локално време . Пристигнување во Скопје во 15:35 часот по локално време.