Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Alan Xafira Deluxe Resort & Spa
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Turkler, 15км од Аланија и 100км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има  804.соби Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и минерална вода секојдневно се надополнуваат), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат на под, балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, A‘la Carte ресторани-Турска кујна, Италијанска кујна, ресторан со морска храна, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, факс, интернет дел, rent a car, чување деца, перална дополнително се наплатуваат. Wi-Fi конекција е бесплатна во лобито.
Спорт и забава :Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг. Cпортови на вода, билијард, СПА & центар за убавина, масажа дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-13 години.
Плажа :Хотелска плажа на 550м од хотелот, песочна и со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз на секои 15 минути до плажа.


Локација:
Хотелот се наоѓа во местото Турклер, на околу 15 км од центарот на Аланија, приближно 110 км од центарот на Анталија и околу 100 км од аеродромот во Анталија.

Плажа:
Хотелот располага со сопствена песочно-камчеста плажа, оддалечена околу 500 м од хотелот, до која има shuttle превоз. Користењето на чадори, лежалки и пешкири на плажа е бесплатно.

Сместување:
Сите сместувачки единици располагаат со директна телефонска линија, LCD TV со сателитски канали, мини-бар (вода и сокови при пристигнување, а потоа секојдневно се дополнува со вода), сеф, купатило и балкон.
– Стандардни соби (32–37 м²): со француски кревет или два одделни кревети, можност за дополнителен помошен лежај за трето лице/дете, со поглед кон копно или базен.
– Семејни соби (46–50 м²): две спални соби поврзани со лизгачка врата и едно купатило, француски или два одделни кревети, со можност за дополнителен лежај, поглед кон копно или базен.

Хотелски содржини:
Хотелот нуди фризер, салон за убавина, лекар, перална, rent-a-car, шопинг центар, детски базен, мини-клуб (4–13 години) и мини-диско. На располагање се главен ресторан, повеќе snack барови (Beach Snack Bar, Veranda Pool Bar, Aqua Snack Bar, Gozleme House), како и барови (Lobby Lounge Bar, The Beer Bar, Tea House, Ocean Patisserie, Vitamin Bar, Dark Night Disco Bar, бар на плажа, Pool Bar).
Хотелот располага со 4 à la carte ресторани (отомански, италијански, морски и grill), надворешен и затворен базен (затворениот е загреан и има дел за деца), релакс базен, аква парк со неколку тобогани, фитнес центар, пинг-понг, дневни и вечерни анимации, како и Wi-Fi интернет во лобито (со ограничена брзина и број на корисници).
SPA центарот вклучува турска бања, сауна, парна бања и џакузи.

Услуга:
Ultra All Inclusive – самопослужување со избор на повеќе јадења во главниот ресторан, според хотелски правила: појадок, доцна појадок, ручек, вечера и полноќна ужина. Вклучени се локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, турски палачинки и сладолед во одредени термини.

Со доплата:
Сите флаширани пијалаци, увозни и premium алкохолни и безалкохолни пијалаци, à la carte ресторани (со задолжителна резервација најмалку 2 дена однапред) и сè што не е опфатено со концептот. Со доплата се користат room service, телефон, чување деца, билијард, video games cafe, спортови на вода, како и масажи (специјални, со пена, Бали, шиацу), козметички третмани и нега на лице и тело, како и услуги надвор од концептот.

Веб-страница:
https://www.xafiradeluxeresort.com