Локација: Хотелот се наоѓа во областа Turkler, 15км од Аланија и 100км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има 804.соби Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и минерална вода секојдневно се надополнуваат), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат на под, балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, A‘la Carte ресторани-Турска кујна, Италијанска кујна, ресторан со морска храна, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, факс, интернет дел, rent a car, чување деца, перална дополнително се наплатуваат. Wi-Fi конекција е бесплатна во лобито.
Спорт и забава :Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг. Cпортови на вода, билијард, СПА & центар за убавина, масажа дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-13 години.
Плажа :Хотелска плажа на 550м од хотелот, песочна и со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз на секои 15 минути до плажа.