Локација: Овој луксузен и семеен хотел, се наоѓа во Хургада, во центарот на туризмот во Мемша.Тој е на одалеченост од 5 километри од Новата Марина во Сакала и 6 км од аеродромот.
Соби: Хотелот им 473 модерни соби со полн комфорт.Ситe соби имаат бања (туш / WC), сателитска ТВ, телефон, клима уред, сеф, Wi-Fi, кафе и чај, мини бар и балкон или тераса. Стандардни соби (40м2), Junior Suite апартмани (70m2 - бања туш и џакузи када), апартман (90м2 -120m2 - спална соба и дневна соба (бања туш и џакузи када).
Хотелски содржини: Хотелот има 5 ресторани: Италијански ресторан " Soprano" азиски ресторан "L'Asiatique," Ориентален ресторанот " Saffron", a'la carte ресторан " Wow," food court-snack ресторан на плажа и 7 барови: лоби бар Sport bar, White Bar, Millenium bar, Olympus bar, Red Sky bar-Shisha corner, бар на плажа (како дел од снек ресторани), продавници, фризерски салон, интернет (Wi-Fi е бесплатно во сите области на хотелот) перење и пеглање.
Спорт и забава: Гостите имаат пристап до 2 отворени базени за возрасни (еден во зима со греење), 4 базени за деца (зимски греење), 16 тобогани за деца, пинг-понг, мини голф, одбојка и тенис, билијард и пикадо . Како дел од модерниот спа центар има соби за масажи и разни третмани, џакузи, сауна, турска бања и фитнес. За најмладите гости во хотелот нуди на 4 базени со тобагани, игралиште, Kids Room и детска анимација. Гостите имаат пристап до крпи, лежалки за плажа и чадори покрај базенот и на плажа.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа долга 150 метри.