Локација: Се наоѓа на околу 12 километри од центарот на Сиде, Gündoğdu - Манавгат. Од аеродромот во Анталија е на околу 55 километри.
Сместување: Хотелот е отворен во 2004 година и се простира на површина од 32.000 м2. Последен пат е реновиран во 2014 година. Располага со 328 соби (262 стандардни, 64 семејни, 2 кралски апартмани, 3 соби за лица со посебни потреби). Сите соби имаат балкон, брачен кревет/два посебни кревети, фен, телефон, плазма телевизор со сателитски канали, бањарка, папучи, апарати за правење чај и кафе, Wi-Fi, централна клима, минибар (се надополнува секој ден со сокови, вода и пиво ) и сеф.
Хотелски содржини: Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот во главниот ресторан), полноќна ужина. Некои од главните оброци се служат и во рестораните Снек и Бистро. Концептот вклучува диетално и детско мени, тематско мени, ресторан за закуски, грицки, турски палачинки и слаткарница во одредени периоди од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечерата, топли пијалоци, брза храна .
Спорт и забава: Хотелот располага со 5 базени (релаксација, активност, базен со лизгалки, детски базен и внатрешен базен), фитнес центар и тениско игралиште, диско, музика во живо, дневни и вечерни анимации. Други активности вклучуваат кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг-понг, стрелаштво, степ аеробик, фудбал.
Плажа: Хотелот располага со песочна плажа долга 100 метри и широка 60 метри, каде што користењето на лежалки, чадори и пешкири е бесплатно.