Локација: Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Таурус, покрај самиот брег, опколен со зеленило. Оддалечен е на 18 км од Кемер и 40 км од аеродромот Анталија.
Плажа: Хотелот има сопствена 630 метри долга песочна-камчеста плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.
Сместување: Хотелот има 412 соби, сместени во главната зграда и во шесте вили каде има луксузни, удобни и комплетно опремени соби. Секоја соба има бања со туш и тоалет, фен, бањарки, влечки, централен клима уред, директен телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво, млеко, чоколадо, лешници - обновено секој ден), комплет за правење кафе и чај, сеф, паркет, ЛЦД телевизор (SAT и музички канали), балкон или тераса, безжичен интернет. За младенците хотело овозможува и посебно уредени соби за меден месец.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан, седум A'la Carte ресторани : Tulip - турска кујна, Tartufo - италијанска кујна, Barracuda - морска храна, јапонски и кинески ресторани. Снек бар на плажа, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница , Kalyan бар, витамин бар, диско бар. Базен, внатрешен и надворешен, спа базен, аквапарк базен и 2 вип базени. Игри на плажа, игри на базен, мини клуб, целодневна анимација, детско игралиште, спа центар, фитнес центар, спортови на вода, фудбал, пикадо, пинг понг, одбојка на плажа, стрелаштво, билијард, кошарка..
Со доплата се следните услуги: лекар, услуга за перење и хемиско чистење, чување деца, трговски центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување автомобил, осветлување тениски игралишта и опрема за тенис, часови по тенис, спортови на вода, школа за нуркање, куглање, билјард, компјутерски игри.