Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
AMARA PREMIER PALACE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Таурус, покрај самиот брег, опколен со зеленило. Оддалечен  е на 18 км од Кемер и 40 км од аеродромот Анталија.


Плажа: Хотелот има сопствена 630 метри долга песочна-камчеста плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.


Сместување: Хотелот има 412 соби, сместени во главната зграда и во шесте вили каде има луксузни, удобни и комплетно опремени соби. Секоја соба има бања со туш и тоалет, фен, бањарки, влечки, централен клима уред, директен телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво, млеко, чоколадо, лешници - обновено секој ден), комплет за правење кафе и чај, сеф, паркет, ЛЦД телевизор (SAT и музички канали), балкон или тераса, безжичен интернет. За младенците хотело  овозможува и посебно уредени соби за меден месец.


Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан, седум A'la Carte ресторани : Tulip - турска кујна, Tartufo - италијанска кујна, Barracuda - морска храна, јапонски и кинески ресторани. Снек бар на плажа, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница , Kalyan бар, витамин бар, диско бар. Базен, внатрешен и надворешен, спа базен, аквапарк базен и 2 вип базени. Игри на плажа, игри на базен, мини клуб, целодневна анимација, детско игралиште, спа центар, фитнес центар, спортови на вода, фудбал, пикадо, пинг понг, одбојка на плажа, стрелаштво, билијард, кошарка..
Со доплата  се следните услуги: лекар, услуга за перење и хемиско чистење, чување деца, трговски центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување автомобил, осветлување тениски игралишта и опрема за тенис, часови по тенис, спортови на вода, школа за нуркање, куглање, билјард, компјутерски игри.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во канцелариите на Аурора
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

» Електронски (онлајн) преку веб страната на Аурора Турс.
» Електронско плаќање со платежни картичкии

» Банкарски трансфер на сметка на Аурора Турс.

» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

» Преку административна задршка од плата
» за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 31.01.2023:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

» Резервација со уплата од само 50 еур !
- Износот на уплатата се однесува по лице.
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 50еур по лице е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Целосна уплата - користи 7% попуст!

За резервации направени со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или соласно инструкциите обиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.