Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Anelia Resort & Spa
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Отворен во 2015 година, овој нов хотел се наоѓа на западниот брег на Маурициус, на плажата Flic-en-Flac и е изграден во традиционален островски стил со модерни елементи. Хотелот се наоѓа на 46 км од меѓународниот аеродром Маурициус, 30 км од главниот град Порт Луис и 300 м од селото Flic-en-Flac. Погоден е и за парови и за семејства со деца.


Соби: Хотелот располага со вкупно 150 стилски и модерно опремени соби во пријатни меки тонови, од кои Супериор соби (30 кв.м.), Делукс соби (40 кв.м.), Соби пред океанот (30 кв.м.), Бунгалови со 1, 2 и 3 спални соби, кујна и дневна соба (65, 80 и 120 кв.м). Сите соби се опремени со: индивидуална клима, телефон, ТВ со рамен екран и сателитска ТВ, тавански вентилатор, Wi-Fi (бесплатно), мини бар, сет за кафе и чај, електронски сеф (бесплатно), бања со туш, фен за коса , пегла и даска за пеглање и адаптери по желба, балкон или тераса.


Хотелски содржини: Главен ресторан La Toque Blanche (капацитет 250 луѓе) со локална, морска и интернационална кујна и тематски вечери на шведска маса секоја вечер и a la carte мени за ручек, à la carte ресторан со морска храна Esplanade Beach Grill (капацитет 80 луѓе), 3 барови - Бургер бар, снек бар покрај базен Делфин бар, коктел бар на плажа Сансет бар, 2 надворешни infinity базени за возрасни и 2 за деца, теретана, игротека, тениско игралиште, спа центар со надворешно џакузи, амам и сауна, конференциска сала, паркинг, 24-часовна рецепција.

За деца: детски клуб, 2 детски базени, соба за игри.
Бесплатни услуги: аква-теретана, пинг-понг, одбојка на плажа, часови по јога, дневни и вечерни анимации, тематски вечери, паркинг, Wi-Fi низ целиот хотел.

Платени услуги: спортови на вода, масажи и спа третмани.


Плажа: Сопствена плажа со ситен бел песок.