Локација: Хотелот е на 70 км од аеродромот во Анталија, а 6 км од центарот на Сиде. Изграден е во 2002 година, а реновиран во 2018 година и зафаќа површина од 169.000 m².
Сместување: Хотелот се состои од комплекс згради и има 819 соби. Стандардни соби со балкон, поглед на копното (макс. 2 лица, француски кревет или два одделни кревети, 28 m²), стандардни соби со ограничен поглед на море (макс. 2 лица, француски кревет или два посебни кревети, 28 m²). Секоја соба има: централна клима, ТВ, телефон, сеф (се доплаќа), фен, интернет Wi-Fi (се доплаќа), мини-бар (бесплатна вода при пристигнување), балкон.
Содржини: Хотелот располага си главни и 3 a la carte ресторани (турска кујна, азиска, италијанска кујна - еднаш за време на престојот бесплатно со задолжителна резервација), 7 барови, Интернет Wi-Fi (платено), надворешни и внатрешни базени, 13 тобогани, Турско купатило, аеробик, аквабајк, пикадо, пинг понг, одбојка на плажа, музика во живо, анимација, детски базен, детско игралиште, детски клуб (4-12 години). Со доплата можете да ги добиете следниве услуги: масажа и спа центар, фризер, доктор, бебиситерка, билијард, тениски терени и моторизирана опрема за спортови на вода, сервис за перење и хемиско чистење, цедено овошје.
Плажа: Хотелот располага со приватна песочна камчеста плажа долга 430 метри, каде што лежалките, чадори, душеци и пешкири се бесплатни за гостите на хотелот.