Локација: Хотелот е лоциран во областа Турклер, 90км од аеродромот во Анталија и 22 км од Аланија. Хотелот е реновиран: 2015 година.
Сместување : Вкупен број на соби 384, во бунгалови во градина.
Сите соби се со купатило со када или туш, фен, клима систем, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (вода само на пристигнување), сеф (се наплаќа), ќерамички плочки на подот, балкон
Содржини, спорт, забава: Главен ресторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базен, бар на плажа до 17.00 часот, Диско бар. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, трговски центар, изнајмување возила дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекцијата се наплаќа.
Отворени базени за возрасни и деца, две лизгалици на вода, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар, тениски игралишта, Турска бања, сауна. Дополнително се наплаќаат - спортови на вода, билјард, масажа, осветлување на тениски игралишта, компјутерски игри, Спа центар и масажа. Анимациски програми, спортски активности во текот на денот, еднаш неделно музика во живо. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјални дневни и вечерни програми.
Плажа : Хотелска плажа, песочна. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.