Локација:
Armas Kaplan Paradise Hotel се наоѓа во регијата Текирова, на околу 17 км од центарот на Кемер и приближно 70 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е опкружен со зеленило и нуди мирна атмосфера, идеална за семеен одмор. Хотелот е реновиран во 2019 година.
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 393 сместувачки единици.
- Стандардни соби (22–27 м²): една спална со француски кревет или два единечни кревета/софа, купатило, балкон, макс. 2+2 лица.
- Garden стандардни соби: исти како стандардните, но без балкон.
Собите имаат купатило со када или туш кабина, фен, клима уред, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци при пристигнување), сеф, плочки, SAT TV со музички канали и Wi-Fi интернет.
Услуга / Исхрана:
Ultra All Inclusive – „ултра сè вклучено“, на база на самопослужување (шведска маса)- појадок, доцна појадок, ручек, утрински и попладневни ужини, вечера, доцна ужина, како и сладолед во одредени термини. Вклучени се домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 02:00 часот. Турски A’la Carte ресторан – еднаш во текот на престојот со претходна резервација. Бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот (сокови и пиво).
Хотелски содржини:
Главен ресторан (отворен буфе), посластичарница, A’la carte ресторани (турски и рибен), лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско бар, отворени и затворени базени за возрасни и деца, три водени тобогани, фитнес центар, сауна, турско купатило, тениски терени, детско игралиште, мини клуб за деца (4–12 години), како и дневна и вечерна анимација. Wi-Fi интернет – бесплатно во целиот хотел.
Плажа:
Хотелската приватна плажа е камчеста, оддалечена околу 300 м од хотелот. Лежалки, чадори, душеци и пешкири за плажа – бесплатни. Обезбеден е бесплатен шатл превоз до плажата.
Спорт и забава:
Фитнес активности, одбојка на плажа, тенис, дневни игри и натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу-програми, мини диско и анимација за деца и возрасни.
Услуги и активности со доплата:
Увозни алкохолни пијалаци, специјални и флаширани вина, свежо цедени сокови, рибен A’la Carte ресторан, наргиле, собна услуга, лекарска услуга, чување деца, перење и хемиско чистење алишта, фризер, телефон, факс, шопинг центар, SPA & Wellness центар, билијард, спортови на вода и осветлување на тениските терени.