Armonia Holiday Village & Spa 5*
Локација: Хотелот се наоѓа на 24км од градот Бодрум, 5км од местото Turgutreis, 54км од аеродромот.
Соби: Во хотелот има 381 соба. Сите соби се опремени со клима уред, ТВ, телефон, минибар, сеф, купатило, фен и балкон.
Содржини: Хотелот има еден главен ресторан, снек ресторан, a la cart ресторани (труски и рибен) и 5 барови. Гостите моѓат да ги користат двата орворени базени, тобоганите кои работат двократно од 10:30 до 12:30 и од 15:00 до 17:00, спа центарот, турската бања и сауната и продавницата.
Спорт и забава: Хотелот има фитнес центар, терени за тенис, мини голф, мини кошарка, мини фудбал, пинг понг, билијард и можност за спортови на вода. За најмалите има мини клуб, детски базен и игралиште.
Плажа: Плажата е песочна, лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.