Локација: Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, оддалечен 15км од Сиде и 60км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има 359 соби.Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сеф, сателитска ТВ, ламинат на подот, балкон. Содржини:Главен ресторан, A’la Carte ресторани: Ottoman – Турска кујна, Италијански ресторан, Мексикански ресторан, Медитерански (рибен ресторан), Asia (кујна од далечниот исток), Barbeque ресторан, A’la Carte појадок, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, фризер, телефон, интернет и компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби е бесплатна.
Спорт и забава:
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Фитнес
центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, гимнастика, одбојка на
плажа. Со доплата: спортови на вода, билјард, куглање, салон за убавина, СПА
центар, масажа. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните
часови, еднаш во 14 дена Гала вечера. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Плажа: Хотелска приватна плажа, песочна со
камчиња, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.