Локација:
Хотелот Barut B Suites се наоѓа во регијата Евренсеки, во Сиде, на околу 60 km од аеродромот во Анталија, 8 km од античкиот град Сиде и 12 km од Манавгат. Изграден е во 2007 година, а последен пат реновиран во 2022 година. Се простира на површина од 23.930 m² и нуди апартмански тип на сместување. Комплексот се состои од четирикатна и петкатна зграда со вкупно 254 сместувачки единици.
Хотелска понуда:
Рецепција, лоби, главен ресторан, A’la Carte ресторан „Terrace and Grill Restaurant“, барови, Coffee Shop corner, baby концепт, три отворени базени (за возрасни, деца и бебиња), водени тобогани, затворен базен, SPA центар, хамам, сауна, фитнес центар, аеробик, пинг-понг, одбојка на плажа, бесплатен Wi-Fi интернет.
Плажа:
Хотелот располага со сопствена песочна плажа долга околу 80 m, која се наоѓа на околу 250 m од хотелот. Користењето на лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа и душеци е бесплатно за гостите на хотелот.
Соби:
Собите располагаат со клима уред, телефон, SAT ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, сеф, фен за коса, купатило, мини кујна и балкон или тераса. Suite апартманите се со површина од околу 45 m² и содржат една просторија со кујна и дневен дел (кревет и две софи). Хотелот располага со 230 suite апартмани.
Исхрана:
All Inclusive – „сè вклучено“ (самопослужување – избор од повеќе јадења според хотелските правила и термини): доручек, касен доручек, ручек, ужина, сендвич-бифе, бисквити и колачи, сладолед во одредени термини, вечера и доцна ноќна ужина. Во главниот ресторан има вегански и безглутенски куток. Барот на плажа работи од 09:00 до 18:00 часот. Вклучени се домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. A’la Carte ресторанот е достапен еднаш бесплатно за време на престојот, со претходна резервација.
Услуги и активности со доплата:
Увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, билијард, спортови на вода, SPA центар, масажи, третмани за нега на лице и тело, изнајмување автомобил, фотограф, фризер, маркет, бутик, лекар на повик, телефон и факс.