Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
be Premium Bodrum
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Be Premium Bodrum 5*

 

Локација: Be Premium Bodrum  е исклучително луксузен хотелски комплекс кој се наоѓа во заливот Torba, на околу 8 км од центарот на Бодрум и 23км од аеродромот. Отоврен е во 2014 година и зафаќа површина од 110.000м2. Комплексот е на каскадни нивоа.

 

Соби: Комплексот располага со вкупно 311 соби, поделени во неколку категории. Секоја соба има купатило со туш кабина, фен, телефон, ТВ, чајник, апарат за кафе, мини бар, клима уред, сеф, wi-fi интернет и балкон.

 

Содржини: Освен главниот ресторан, Be Premium Bodrum располага со 7 a la cart ресторани со понуда на јадења од локална турска, италијанска и азиска кујна. Има 9 барови во кои се служат алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели и освежителни напитоци. Разни видови на закуски и лесни оброци се служат во 2 слаткарници и 3 снек барови. Од останати содржини, гостите на располагање имаат паркинг, rent a car услуга, перење на автомобили, услуга за перење и пеглање на облека, продавница, бутик, фризерски салон и лекарски услуги.

 

Спорт и забава: Гостите на хотелот можат да уживаат во содржините на 8 надворешни базени од кои главниот има и водени тобогани. За дополнително опуштање на располагање имаат часови по јога и медитација, како и спа центар кој освен внатрешен базен содржи и сауна, парна и турска бања, ледена фонтана, џакузи, простории за различни видови на масажа и козметички третмани. Љубителите на спортот можат да го користат фитнес центарот, масите за пинг понг, како и бројните можности за спортови на вода. Во текот на денот и вечерта се организираат различни програми за анимација на возрасните, додека за најмалите гости наменет е мини клубот во чиј склоп се организираат различни забавни активности како креативни работилници, играње на видео игри, проекции на филмови, танц.

 

Плажа: Хотелот има плажа долга 1км, од кои 200м песочна плажа, а остатокот е составен од понтонски платформи. Плажата и платформите се опремени со чадори и лежалки.

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Бодрум – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.

» Локална асистенција.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
 

» Директно во канцелариите на Аурора
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

» Електронски (онлајн) преку веб страната на Аурора Турс.
» Електронско плаќање со платежни картичкии

» Банкарски трансфер на сметка на Аурора Турс.

» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

» Преку административна задршка од плата
» за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 31.01.2023:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

 

» Резервација со уплата од само 50 еур !
- Износот на уплатата се однесува по лице.
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 50еур по лице е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

 

» Целосна уплата - користи 7% попуст!

За резервации направени со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%
 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ

Пристигнување и пријавување на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или согласно претходно договорено време. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во овој дел од Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Бодрум, Мармарис или другите туристички места во тој регион, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот.

Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.