Локација: Хотелот се наоѓа во областа Белек,
30км од аеродромот во Анталија.
Сместување : Вкупен број на соби во главната зграда 426, клубски соби 164.Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на подот во главната зграда и во анекс зградата, плочки на подот во вилите, мини бар (вода, сокови се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон. WI-FI бесплатно.
Содржини: Отворен и затворен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: (Турска кујна), (Италијанска кујна), морска храна,скара, барови околу целиот хотелски комплекс, снек бар и ресторан покрај базенот. Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, интернет кафе, компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат, WI-FI во целиот хотел бесплатно.
Спорт и забава :Отворени и затворени базени за
возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со
пареа, пинг понг, кошарка, одбојка, мини голф, немоторизирани водени спортови
не се наплатуваат. Велнес центар, масажа, моторизирани спортови на вода, тенис
и осветлување на тениски терени, часови и опрема за тенис, билјард, куглање,
компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми со
професионален тим, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-11
год. и клуб за тинејџери од 12-16 г
Плажа : Хотелска песочна плажа, лежалки,
чадори за сонце и пешкири за плажа бесплатни. Павиљоните на плажа се со
претходна резервација и се наплатуваат.