Bodrum Beach Resort 4*
Локација: Се наоѓа во заливот Gumbet, на 1 км од центарот и на 35км од аеродромот. Реновирен е во 2018 година.
Соби: Собите се наоѓаат во оглавната зграда или во анекс зградата која е поврзана со тунел со главната зграда. Сите соби имаат купатило, фен,, сателитска телевизија, мини бар(празен), телефон, сеф (се доплаќа), клима уред и балкон.
Содржини: Хотелот на располагање на гостите им нуди еден главен ресторан, еден a la cart ресторан, 2 бара, 3 базени (еден со дел за деца), тобоган. Како дополнителни содржини хотелот има мини маркет, менувачница, фризерски салон.
Спорт и забава: Гостите можат да се забавуваат играјќи пикадо, пинг понг, билијард и видео игри. За најмалите има и мини клуб.
Плажа: Песочна плажа на 100м од хотелот. Чадори за сонце и лежалки се наплаќаат.