Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Borovets Hills Spa & Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Комплексот Боровец Хилс е еден од најновите хотели од алпски тип во Бугарија. Се наоѓа во прекрасна планинска средина, опкружена со борова шума, на околу 2 км од ски-лифтот Yastrebets 3 и на околу 4 км од центарот на Боровец. Наменет е за сите категории на патници, од деловни патници, спортисти до рекреативци и оние кои сакаат да уживаат во мирното опкружување на хотелот.
 
Сместување: Хотелот располага со 65 пространи соби со тераса вклучувајќи 11 апартмани со камини, 6 студија и 48 двокреветни/еднокреветни соби со вкупен капацитет за 130 гости. Сите соби имаат бања (туш / тоалет), фен, LCD телевизор, мини бар и телефон.
 
Хотелски содржини: Хотелот има два ресторани, лоби бар и конференциска сала. Гостите имаат пристап до СПА центар со базен, сауна, џакузи и просторија за пареа. Хотелот располага со паркинг, гаража и ски просторија за ски опремата. За најмладите гости на хотелот им обезбедува детски клуб, каде децата можат да уживаат во различни забави и организирани активности под надзор на квалификуван персонал. Хотелот има организиран трансфер до гондолата според распоредот на хотелот. 

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2022 - 05.01.2023), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БОРОВЕЦ ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" на барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).