Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Caribbean World Resort Soma Bay
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Caribbean World Soma Bay е популарен семеен хотел кој освојува со својата прекрасно уредена градина полна со зеленило во Карипски стил, во заливот Сома, кој се наоѓа на една од најубавите песочни плажи во Хургада (долга речиси еден километар). Овој хотел се наоѓа на 40 км јужно од центарот на Хургата и 35 км од аеродромот.
 
Сместување: Хотелскиот комплекс се состои од 14 двоспратни вили, во кои има 529 соби и апартмани. Сите соби се комфортни со површина околу 50 м2 и опремени со купатило, фен, ТВ, клима, сеф, мини бар, балкон или тераса освен промо собите кои се помали и немаат тераса туку само прозор.
 
Хотелски содржини: Хотелот располага со 2 главни ресторани, и неколку Al carte (италијански, скара бар на плажа) како и повеќе барови (диско бар, бар покрај базен, ориентални бар, лоби бар и др.) На гостите на располагање им се дискотека, продавници за сувенири, менувачница, фризерски салон, интернет центар и банкомат.
 
Спорт и забава: Хотелот има 3 надворешни базени, аква парк со 3 тобогани и детски базен. Од останатите содржи хотелот има тенско игралиште, пинг понг, билијард, теретана, одбојка на плажа, нуркачки центар, центар за сурфање, фудбал на плажа, спа центар кој во својата содржина нуди најразлични масажи, козметички третмани, хидротерапии, сауна, турска бања и џакузи. Анимацискиот тим организира богата дневна и вечерна анимација како и тематски вечери за возрасни така и за најмалите гости.
 
Плажа: Хотелот се простира на прекрасна огромна песочна плажа (140 000 m2) особено атрактивна за семејства со деца. На гостите покрај базенот и на плажата им се достапни крпи, лежалки и чадори.