Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук, на 7 км од Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 215 соби, кои се распоредени на две двокатни згради. Стандардни соби (20-26м2, една спална, бања, макс.2+2 пакс), фамилијарни соби (40м2, две спални споени со врата, бања, макс.4 пакс). Сите соби се сместени во прекрасна градина и сите соби имаат туш, фен, централна клима, телефон, сеф, мини бар/само вода/, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.
Содржина: Хотелот располага со главен ресторан, рибен A la Carte ресторан, бар покрај базен, снек бар, диско клуб, лоби бар. Со доплата: доктор, бебиситер, перална, телефон и факс, интернет катче, компјутерски игри, фризер, rent a car. WI-FI интернетот е бесплатен во хотелот. Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, кошаркарско игралиште, одбојка на плажа, пинг-понг, гимнастика. Со доплата: спортови на вода, опрема и осветлување за тениско игралиште, Велнес центар, масажи, школа за нуркање, компјутерски игри. Забавна програма во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, специјални програми и вечерна шоу програма со стручен тим. Мини клуб за деца од 4 до 12 години со дневни и вечерни програми.
Плажа: Хотелот располага со приватна плажа со камчиња. Користењето на чадори, лежалки и пешкири за плажа е бесплатно.