ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:» Оброк / пијалок во авион за време на летот.
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни служби на рецепција.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:» Директно во нашите канцеларии
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
» Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
» НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
» Преку административна задршка од плата.
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
EARLY BOOKING АКЦИИ за резерваци направени до 31.01.2026:
Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!
АКЦИЈА 1: Резервација со вкупна уплата од само 100 еур !
» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2026, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот од 100еур по резервација е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;
АКЦИЈА 2: Резервација со 30% депозит - 5% попуст!
» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "
Останати Забелешки:
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» За потврда на резервацијата од страна на агенцијата потребно е најмалку 2 работни дена.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Еден хотелски ден, како резервираните услуги, најчесто се рачуна од 15ч на денот на почетокот на патувањето до 10ч на последниот ден од аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе во хотелот. Секоја употреба на соби и услуги во хотелот пред превземање на собите или по одјавување може да е предмет на доплата, директно на рецепција на хотелот.
» Распределбата на собите во хотелот ја врши рецепцијата по пристигнувањето. Организаторот на патувањето не може да влијае на специјалните барања на патниците поврзани со катноста, позицијата на собата, погледот од соба, големината / типот на кревет, пушачка/непушачка соба итн. но може да ги забележи и пренеси овие и слични специјални барања, доколку за истите не постои дефинирана доплата.
» Некои содржини и одредени услуги што ги нуди хотелот наведени во хотелските описи не подразбираат задолжително бесплатно користење на истите. Може да се побара доплата на рецепција за користење на некои услуги (масажа, сауна, СПА центар, фитнес, интернет, сеф, консумирање пијалаци и грицки од мини-бар, спортски терени и слично).
» Постои веројатност граничните служби на транзитните и дестинациските земји да побараат полиса на осигурување на границата/аеродромот. Организаторот на патувањето не може да биде одговорен за последиците во случај патникот да нема осигурување.
» Во случај на оштетување, доцнење или губење на багажот, веднаш контактирајте со претставникот на авиокомпанијата или персоналот на аеродромот (Lost & Found) за да побарате соодветна потврда (Damage или Property Irregularity Report).
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА