Локација :Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување:Хотелот има вкупно 509 соби во една главна зграда и во 4 блокови. Сите соби се со купатило со када /туш ,фен,клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет до 56 Kbps, балкон.
Содржина:Главен ресторан – Lalezar, со шведска маса, A’la Carte ресторани - Tugra (Турска кујна), El Torito (Мексиканска кујна), La Murano (Италијанска кујна), Bonsai (Кинеска кујна), Caretta (кујна за морска храна), барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Saphir Disco клуб..Доктор, бебиситер, услуги за перење и сушење, фризер, шопинг зона, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат.
Спорт и Забава:Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, тениски терени,одбојка, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, мини голф, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, соба со снег, соба со сол, џакузи се бесплатни. Масажа, SPA центар за убавина и здравје, SPA базен, сите видови на спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат. Забавните програми се со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми навечер, кино. Crispy Kids World мини клуб за деца од 04 – 12 години, се достапни во текот на денот и мини диско навечер.
Плажа :Хотелска приватна плажа – ситни каменчиња, со бесплатни лежалки и чадори за сонце, пешкири на плажа со депозит