ЛОКАЦИЈА: Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 25км од Белек и 40км од аеродромот во Анталија.
СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 670 во 11 блока. Стандардни соби 460 (26м², макс.2+1 лица)-една спална и едно купатило, Стандардни соби со кревети на спрат 60 (26м², макс.2+2 лица)-една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, Фамилијарни соби 88 (42м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, Фамилијарни соби со кревети на спрат или високи душеци 60 (42м², макс.5 лица)-две спални и едно купатило, Суит соби 2 (44м², макс.2 лица)-една дневна, една спална и едно купатило со Џакузи, поглед на море. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит ситем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со сокови и вода), сеф, ламинат или плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
СОДРЖИНИ: Главен ресторан Crystal со шведска маса, A’la Carte ресторани (Il Turko-Турска кујна, Pescatore-морска храна, Италијански и Мексикански ресторан, BBQ, Buffalo Stake House), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет конекција во соби, продавници, компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат.
СПОРТ И ЗАБАВА: Отворени и затворени базени, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, салон за убавина, масажа, куглање, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови, кино. Мини куб за деца од 4-12 год.
ПЛАЖА:
Хотелска плажа, песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не
се наплаќаат.