ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 11км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот.
СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 462. Стандардни соби 383 (26-30м²; два одвоени кревети или француски кревет, макс. 2+1 лица), Дуплекс фамилијарни соби 58 (47м²; на првиот кат една спална со францусли кревет + едеб единечен кревет, едно купатило со туш, на вториот кат два одвоени кревети, едно купатило со када, два балкона, макс.4+1лица), Фамилијарни соби 11 (37м²; две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4+1лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Меден месец суит (80м², округла соба, специјално декорирана со џакузи во купатило со поглед на море, ВИП сервис, макс.2 лица), Претседаделски суит 1 (108м²+60м² тераса, ВИП сервис), Кралски суит 1 (85м²+60м² тераса, ВИП сервис). Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода, пиво, чоколади), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса. 1 Pink moon suit за гости кои се на меден месец (100м², округла соба цела во розево, спална со кружен кревет, дневна, дел за јадење, дел за релаксација, џакузи, тоалет, панорамски поглед на море, VIP сервис), 1 Председателски суит (108м², салон, спална со голем кревет, купатило со џакузи, дневна со софа, дел за јадење со бар, поглед на море и лежалки на терасата, VIP сервис, макс. 4 лица).
СОДРЖИНИ: Главен ресторан со шведска маса, за појадок, ручек и вечера, A‘la Carte ресторани-Le Kebab-Турска кујна, Blue fish-рибен ресторан, Pekin ресторан-Кинеска кујна, ,Margarita ресторан-Мексиканска кујна, Dolce Vita ресторан-Италијанска кујна, Dragon ресторан-Тајландска кујна,Teppenyaki-Јапанска кујна. Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет (во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), интернет кафе, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, продавници дополнително се наплатуваат.
СПОРТ
И ЗАБАВА: Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, не моторни спортови на вода не се наплатуваат. Осветлување на тениски терени, моторните спортови на вода, Спа и Велнес центар, школа за нуркање, куглање, билијард, компјутерските игри се наплатуваат.Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Забавен парк и Мини клуб за деца од 04-12 год. со различни активности во текот на денот.
ПЛАЖА: Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори
за сонце, пешкири за на базен и плажа не се наплатуваат.