ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 15км од центарот на градот. Се наоѓа на сама плажа.
СМЕСТУВАЊЕ: Вкупен број на соби 650. Супериор соби 513 (35м², со страничен поглед на копно или море, твин кревети, единечен кревет и една софа, макс.2+2), фамилијарни соби 38 (56м², две спални одвоени со врати, едно купатило, еден балкон, макс.4+1), Јуниор суит 64 (45м², една спална, една дневна, една бања, балкон, два одвоени кревети или еден единечен и една софа, макс. 3+1 лица), Lagoon соби 21 (36², макс. 3 лица, овие соби имаат свој базен и не примаат со деца по 7 год.), Суит соби 2 (58м², една спална и една дневна, купатило, макс.2лица), поврзани соби 43 (35м², со две одвоени соби, макс.4+1 лица) и 8 соби за хендикепирани лица (сите овие соби се со поглед на копно). Сите соби се со балкон, купатило со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколади се надополнуваат секој ден), бежичен интернет, сателитска ТВ и музички канали.
СОДРЖИНИ: Главен ресторант со шведска маса, A’la Carte ресторани: Tequila ресторан (мексиканска кујна), Lalezar (турска кујна и скара), Zuma (Далечен исток), Mia Mensa (Италијански ресторан), Museum (Француска кујна), Da Vincci (месо и вино), Helen (Грчка кујна), Pescador рибен ресторан. Барови на различни места во хотелскиот комплекс кои служат локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Диско клуб, кино. Доктор и негувателка, перална, шопинг центар, интернет ( во лобито е бесплатен, а во собите се наплаќа), компјутерски игри, фризер, rent a car, чување деца, дополнително се наплаќаат.
СПОРТ
И ЗАБАВА: Отворени и затворени базени, базен за деца, Аква парк, затворени водени лизгалки, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг, не моторни спортови на вода, забавен парк за деца.. Опрема и часови по тенис, масажа, СПА центарот и салон за убавина, пилинг, моторизирани спортови на вода и школо за нуркање се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот, натпревари и шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино, Тематски вечери и Гала вечери. Мини клуб за деца од 04-12 год.
ПЛАЖА: Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори за сонце, пешкири и душеци кои не се наплатуваат.