Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Colakli, на 10 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.
Плажа: Приватната песочна плажа на 300 метри од хотелот .Лежалките, чадорите и пешкирите за на плажа се бесплатни.
Сместување: Хотелот има 177 соби распоредени во неколку блокови. Стандардни соби, фамилијарни соби. Сите соби имаат бања со туш, фен, централна климатизација која работи според временските услови, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), сеф (се доплата), сателитска телевизија со музички канали, ламинат, балкон или тераса.
Содржини: Главен ресторан, A'la Carte ресторани: турски и медитерански, барови во хотелскиот комплекс, лоби бар отворен 24 часа, диско, снек бар на плажа. Отворен и затворен базен (не работи во лето) за возрасни, слајдови, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа, забавна програма преку ден, натпревари на плажа и покрај базен, вечерна програма . Со доплата: лекарски услуги, перење и сушење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување автомобил, спортови на вода, билјард, компјутерски игри, СПА и салон за убавина, масажи. Wi-Fi мрежата низ хотелот е бесплатна.
Забелешка:
Хотел Diamond Elite Hotel & SPA 5 * е наменет само за оние над 16-годишна возраст.