Локација: Хотелот се наоѓа на 5км од центарот на местото Торба, на 10км од Güvercilik, 23км од аеродромот и 10км од Бодрум. Хотелот се протега на 87.000м2.
Соби: Хотелот има вкупно 420 соби распределени во главна зграда и објекти покрај главната зграда и на самиот влез на комплексот. Сите соби имаат балкон, мини бар, сет за кае и чај, телефон, сеф, wi-fi, туш кабина и фен.
Содржини: На располагање на гостите се главен ресторан, 5 a la carte ресторани (рибен, италијански, мексички, азиски и турски) и 8 барови. Хотелот има неколку базени за возрасни и деца, внатрешен базен за деца, аква парк, турска бања, парна бања и сауна. За најмалите има детски базен, базен со тобогани, детски дел во главниот ресторан, игралиште и мини клуб.
Спорт и забава: За љубителите на активен одмор хотелот нуди фитнес центар, пинг понг, кошарка, одбојка, спортови на вода, мини фудбал, нуркање, билијард, утринска гимнастика, аеробик, гимнастика во вода, бочање како и други дневни и вечерни анимации и програми.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа долга 370м. Чадори за соннце, пешкири и лежалки се бесплатни.