Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Evelina Palace
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:  Хотелот се наоѓа на едно од најинтересните места во Банско. Сместено на западниот брег на реката Глазна, се наоѓа на главниот пат до жичарницата, која е оддалечена 800 m и околу 100 m од центарот на градот Банско. Хотелот е изграден со типична бугарска архитектура и на гостите им овозможува топло и пријатно расположение.


Сместување: Хотелот се состои од 1 зграда со 5 ката и 1 лифт. Вкупниот број на соби е 43. Двокреветна соба од 18м2 (макс 2 возрасни + 1 дете или 4 возрасни), опремена со брачен кревет или два посебни кревети + фотелја.
Студио од 32м2 (макс 3 возрасни + 1 дете или 3 возрасни), опремено со брачен кревет или два посебни кревети + софа кревет + еден единечен кревет. Секоја соба има: поглед на планина, греење, ТВ, Wi-Fi интернет (бесплатно), сеф (се доплаќа), балкон само во некои соби, клима, паркинг (бесплатно), подови со тепих, услуга за менување крпи и постелнина 2 пати неделно, кујна, бања со туш кабина и/или када, козметички сет, фен и бањарка.


Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има: рецепција, сеф на рецепција (се доплаќа), еден ресторан и еден бар, паркинг (бесплатно), изнајмување велосипеди, изнајмување ски, ски соба, хотелски shuttle превоз до гондолата, велнес центар, фитнес центар, лекар (се доплаќа), сауна, парна бања, внатрешен базен , конференциска сала, сервис за перење и сушење ( со доплата), игротека за деца, програма за анимација за деца. Дополнителни услуги со доплата: Масажи, доктор, мини бар. Дозволени се домашни миленици.

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2023 - 05.01.2024), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БАНСКО ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).