Заради својата локација претставува одличен избор за сите оние кои сакаат да се сместени во хотел кој нуди сосема солидни услови за сместување а истовремено се наоѓа во близина на центарот на Кемер и директно на сопствена бесплатна плажа.
ЛОКАЦИЈА : Хотелот е сместен на самата плажа на брегот на туристичкиот град Кемер, оддалечен 50 км од аеродромот во Анталија и 40 км од центарот на Анталија. Се наоѓа веднаш до полуксузниот Fame Residence Kemer & Spa 5* каде може да се користат дел од содржините.
СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот располага со 110 соби, од кои 89 стандардни (16 м2) и 21 фамилијарни соби (25-35 м2) сите модерно уредени и опремени со бања, клима уред, сателитска ТВ, сеф (со доплата), мини бар (вода бесплатно), балкон / тераса.
УСЛУГИ, СОДРЖИНИ, СПОРТ, ЗАБАВА: Хотелот нуди главен ресторан, а ла карт ресторан (со доплата), неколку барови, бесплатен Wi-Fi интернет во лоби. Има отворен базен и базен за деца, пинг понг, билијард (се доплаќа).
Услуги кои со доплата може да се корисстат во соседниот Fame Residence Kemer & Spa: Внатрешен базен, турска бања, сауна, масажи, спа и фитнес центар, салон за убавина...
ПЛАЖА: Сопствена песочна плажа означена со Сино Знаме за чистина на водата, лежалките, и чадорите за сонце се бесплатни за гостите, пешкирите се добиваат со уплатен депозитт.