Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Forever Club
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа на извонредна локација на сама плажа во Ичмелер (İçmeler), на оддалеченост од само 1,5 км до центарот на Бодрум. Центарот на Бодрум е достапен со јавни минибуси, кои минуваат пред хотелот на секои десет минути или со такси. Хотелот е оддалечен на 37 километри од аеродромот Милас во Бодрум.

Сместување: Хотелот располага со 214 соби, Повеќето од собите имаат балкон. Сите соби располагаат со климатизација, LCD телевизор, телефон, минибар, електронски сеф, гардеробер, софа за седење, приватна бања со туш и фен за коса.

Хотелски содржини: Хотелот работи на база All Inclusive услуга и не прифаќа гости на возраст под 14 години. Хотелот располага со главен ресторан кој служи оброци на шведска маса, како и 3 à la carte ресторани: кинески ресторан, рибен ресторан и италијански ресторан, сите со неверојатен поглед кон морето. Снек барот покрај базенот служи разни закуски преку ден. Во хотелот има 4 барови, од кои Monachus Cafe нуди 24-часовна услуга. Мини-маркет, фризер, турска бања, сауна, доктор, фитнес центар и фотограф се исто така дел од  услугите од хотелот.

Спорт и забава: Хотелот располага со простран надворешен базен, со посебен базен за најмалите. Хотелот исто така нуди турска бања и сауна, и услуги за масажа (со доплата) – додека за љубителите на фитнесот има добро опремен фитнес центар. На гостите им се на располагање бројни активности како: спортови на вода и нуркање (со  доплата), бесплатни активности како кошарка, одбојка, пинг-понг, мини-фудбал и билјард. Дополнително има организирано забавна програма преку ден, како и специјални забавни програми навечер.

Плажа: Хотелот има своја приватна плажа, која е поврзана со хотелот преку тунел. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни за гостите, а на плажата се нудат бесплатно  безалкохолни пијалоци и пиво, како дел од All Inclusive програмата.