Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Friday Attitude
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа на 50 км. од меѓународниот аеродром, 45 км. од главниот град Порт Луис. Се наоѓа во источниот дел на островот Маурициус, на прекрасна плажа во мирното село Trou d'Aux Douce, со поглед на блискиот остров Серф. Мал шармантен хотел сместен во прекрасна градина што ги импресионира своите гости со свежи бои и модерен дизајн. Прекрасна плажа со бел песок, огромна лагуна, егзотични растенија, нијанси на сино и зелено - секој ден е петок овде! Дел e од синџирот хотели Attitude, со Travelife Gold сертификат. Реновиран во 2020 година.


Соби: Хотелот располага со вкупно 50 соби, од кои 32 Стандардни соби (24 м2), 15 Семејни соби (2 спални соби, 1 бања - 33 м2). Сите соби се опремени со клима уред, ТВ, телефон, бања со туш, фен, сет за кафе/чај, мини-бар, сеф. Чистење на соби и промена на крпи - секој ден, промена на постелнина - 2 пати неделно. Светли и модерни соби со свежи портокалови нијанси, со минималистички дизајн, кои нудат удобен престој.


Хотелски содржини: Главен ресторан ''90° EAST'' (служи локална и интернационална кујна), a la carte ресторан ''KOT NOU'' (се служат типични мавритански јадења), снек бар "TABA-J" (нуди мавритански закуски), 2 барови, надворешен базен, спа центар, паркинг.
За деца: детски базен, мини клуб (3-12), лов на богатство, игри со песок, работилница Mocktail - правење пијалоци (13-17).
Бесплатни услуги: пинг-понг, пикадо, одбојка на плажа, нуркање, возење со брод со стаклено дно, вечерна анимација (4 пати неделно), Wi-Fi (на рецепција).
Платени услуги: масажа, третмани за лице и тело, изнајмување велосипеди, центар за нуркање PADI (во близина на хотелот), крстарење со катамаран, бебиситерка, изнајмување детски колички, продавници, изнајмување автомобил.


Плажа: Сопствена плажа со бел песок. Чадори и лежалки на плажа и покрај базен - бесплатно, пешкири за плажа - со депозит.