Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Golden Beach Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Golden Beach се наоѓа на мирна локација северно од аеродромот и центарот на Хургада. Се состои од главна зграда и неколку посебни згради сместени во живописна ботаничка градина богата со зеленило и разни видови дрвја и растенија од целиот свет.


Сместување: Хотелот располага со 435 соби од кои економични (16-24 м2 без балкон), стандардни (со балкон и делумен поглед на море или базен), супериор (со балкон и делумен поглед на море или базен), соби со поглед на море (24 м2 со балкон) и фамилијарни соби со една соба (37 м2 без балкон) и семејни соби со две бањи, два балкони и две посебни соби поврзани со врата (56 м2). Сите имаат бања, фен, телефон, ТВ, мини бар и клима.

 

Содржини: Гостите на Golden Beach Resort имаат на располагање 7 ресторани од интернационална, италијанска, морска храна, ориентална кујна, како и ресторан за брза храна. Хотелот располага со вкупно 8 барови (ноќ, витамин, лоби, снек, бар покрај базен и бар на плажа), слаткарница, продавници, перална, салон за убавина и кино).

 

Спорт и забава: Golden Beach Resort располага со базен со мрзлива река долга 200 m. Во хотелскиот комплекс има вкупно 6 базени, од кои еден се загрева во зима. Посебна атракција е Пиратскиот брод со 5 тобогани за возрасни и 3 за деца. Гостите можат да се забавуваат играјќи тенис, одбојка, пинг-понг, бадминтон, мини голф, билијард и пикадо. Најмладите имаат на располагање базен, неколку клубови за деца од различна возраст со богата анимација, игралиште и мини диско. Велнес центарот нуди сауна, џакузи, парна бања, разни масажи, фризер, маникир, педикир. Хотел Голден Бич Ресорт има богата понуда на фитнес активности (јога, аеробик, теретана, степ аеробик...)

 

Плажа: Ресортот се наоѓа на сопствена песочна плажа широка 350 метри. Влегувањето во водата е постепено, со продолжен плиток гребен за помалите деца. Се препорачуваат патики за во вода. Во овој регион се изразени плимата и осеката.