Локација: Хотелот се наоѓа во Yaliciftlik и е совршен избор за одмор во Бодрум. Оддалечен е 17 км од центарот на градот Бодрум и 45 км од аеродромот во Бодрум. Опкружен е со прекрасна, зелена природа, а плажите со кои располага се идилично смстени во залив.
Соби: Хотелот има вкупно 287 соби. Сите соби имаат бања со када или туш, фен, централна клима, сателитска телевизија, сеф, мини бар (пиво, сокови и вода), телефон, сет за чај и кафе и балкон.
Содржини: Главен ресторан - Lavanta, A'la Carte ресторани-Merhaba (турска и медитеранска кујна), Lagouna Lounge (медитеранска кујна), Grill Garden The Beach BBQ (турска и медитеранска кујна), Чача (мексиканска кујна), барови во хотелскиот комплекс, паркинг. Според правилата на хотелот дополнително се плаќаат: лекарска услуга (на барање), хемиско чистење, изнајмување велосипеди, услуга во соба.
Спорт и забава: Надворешни базени за возрасни, детски базени, внатрешен базен, базен со лизгалки, пинг понг, Мини клуб за деца од 4-7 години, Макси клуб за деца од 8-11 години и Младински клуб за деца од 12-16 години.
Плажа: Хотелот располага со 3 идилични плажи во залив, хотелската плажа (бесплатни чадори за сонце, лежалки и пешкири за плажа), плажата Holiday Village (се доплаќа) и плажата Silent (се доплаќа).