Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија. Оддалечен е 120 км од аеродромот во Анталија.
Плажа: Хотелската плажа е оддалечена 50 m од хотелот Hawaii Suite Beach 3 *. Лежалките и чадорите се со доплата, пешкири за на плажа не се достапни. Лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни.
Сместување: Хотелот има 70 соби во две згради Suite соби, Стандардни соби и Economy соби. Сите соби имаат бања со када, клима, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (доплата), сеф (доплата), балкон или тераса (10 соби без балкон).
Содржини: Главен ресторан , бар на базен, отворен базен за деца и возрасни. Со доплата: лекарски услуги, телефон, факс, интернет, сеф на рецепција, спортови на вода на плажа, турска бања, сауна, масажа. Бесплатен Wi-Fi во хотелското лоби.