Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Hilton Hurghada Plaza
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:  Hilton Hurghada Plaza 5* е еден од првите и најпознатите хотели во Хургада. После неколкугодишно темелно реновирање хотелот е повторно пуштен во употреба во 2019год. Се наоѓа во близина на стариот центар Дахар, само 15-минутно возење од меѓународниот аеродром Хургада, односно на 13км од аеродромот и 8км од центарот - Сакала.
 
Соби:  Хотелот располага со 495 единици за сместување од различен тип, распределени во една главна зграда на 6 спрата и еден страничен помал објект покрај плажа каде се наоѓаат премиум собите во кои има и мала кујничка. Има соби со балкон и соби без балкон, соби со поглед кон море и соби со страничен поглед, но сите хотелски соби се светли, елегантно декорирани со бои од песок и богати ткаенини. Располагат со мини бар,тоалет, фен за коса, сет за чај и кафе, ТВ...
 
Содржини: Во склоп на хотелот гостите на располагање имаат 2 отворени и еден детски базен со лизгалки за деца. Базените се загреваат во зимските  месеци. Понудата на спортски содржини и активности вклучува терени за тенис, одбојка, сквош, пинг понг, фитнес центар сауни, различни водени спортови, анимации за возрасни и деца, детски клуб .. До центарот на Хургада може да се стигне со секојдневно организиран шатл превоз (со доплата). Хотелот нуди повеќе ресторани и барови, вклучувајќи ресторан за морска храна со поглед на марината. Појадок ручек и вечера се служат во главниот ресторан а има и дополнителни два А Ла Карт ресторани кои може да се користат без доплата по еднаш во период од 7 дена. На располагање се повеќе барови кои служат пијалоци, вклучително и бар на плажа. WIFI бесплатен интернет е достапен во целиот хотел.
 
Плажа: Хотелот располага со сопствена песочна плажа, на која еден мал дел е со корални гребени и е погоден за нуркање, а останатиот дел е песочен со лесен и пријатен пристап во вода.