Локација
Хотелот Iberotel Makadi Beach 5* се наоѓа во елитниот комплекс Madinat Makadi, во заливот Makadi Bay, на околу 32км од Сакала - стариот и живописен центар на Хургада. Меѓународниот аеродром во Хургада е оддалечен околу 29км.
Општи информации
Хотелот има два отворени базени, СПА центар, фитнес, јога, Wi-Fi интернет во јавни површини - рецепција, 4 ресторани (Elsayadia ресторан со интернационална кујна,Terracina A La Carte Restaurant со интернационална кујна, Beach A La Carte Restaurant со интернационална кујна, Arabesque A La Carte Restaurant со интернационална кујна), 4 барови, тениски терен, мини клуб за деца, аеробик, разни спортови на вода итн. Слободно користење на аква паркот Makadi Water World (оддалечен 3км) со 50 различни лизгалки за возрасни и деца, до каде се стигнува со бесплатен шатл бус кој повеќе пати во текот на денот кружи низ комплексот. Дел од хотелските содржини се споделени со или лоцирани во некој од другите хотели од елитниот хотелски комплекс Мадинат Макади.
Плажа
Хотел Iberotel Makadi Beach 5* се наоѓа на песочна плажа. На плажата има и дел со корален гребен, погоден за љубителите на подводниот свет и нуркањето.Лежалки и чадори за сонце се бесплатни
Сместување
Хотелот Iberotel Makadi Beach има 313 соби. Супериор соби со поглед на градина 25-36 m2, sсо делумен поглед на море околу 36 m2 и со директен поглед на море околу 45 m2. Секоја соба има купатиоло, фен, ТВ, мини бар, телефон, сеф, бокал за кафе и чај, клима уред и тераса или балкон.