ЛОКАЦИЈА: Хотелот е сместен во областа Белек на 40км од градот Анталија и 30 км од аеродромот.
СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот располага со 464 соби. Стандардни соби 385 (29м², една спална и едно купатило, макс. 2+1 лица), 5 соби за хендикепирани лица (29м², специјално опремени), фамилијарни соби 4 (64м², макс 4 лица-две спални со врата помеѓу нив, дневна, 2 купатила), Kids Suit 4 (49м², макс 4 лица-две одвоени спални со купатило, декорирани за деца), 40 De Luxe вили (60м², макс. 4 лица, собите се на две нивоа, приземје со детска соба, купатило и дневна соба; прв спрат со една спална со француски кревет и купатило, се наоѓа во градина делот), Junior Suit 14 (55-57м², една спална и една дневна со врата помеѓу нив, купатило), Senior Suit 5 (54м² , една соба и една спална и купатило со џакузи), King Suit 2 (134м², на најгорниот кат од хотелот), Selection Villa 4 (120м²) и King Villa (190м²).
Собите се опремени со купатило со када и туш, фен, централен клима, телефон, мини бар (со сокови, вода и пиво се надополнува секој ден), сеф, сат ТВ и музички канали, балкон или тераса.
СОДРЖИНИ: Јасмин главен ресторант со шведска маса, A’La Carte ресторани: Olivio (Италијанска кујна), Ja La Peno Contemporary (Мексиканска кујна), Umami Sushi & Asian Restaurant (кујна од Далечен Исток-не е дозволен влез на деца), Fes (Турска кујна), Green Fish (рибен ресторан). Sanck Bars, бар крај базенот, Vitamin Bar, лоби бар и диско клуб бар.
Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар, фризер, rent a car, дополнително се наплатуваат. Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, сквош, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф не се наплатуваат. Осветлување на тениските игралишта, Спа и Wellness центар и билијард дополнително се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот за возрасни и деца, наптревари покрај базенот и на плажа. Навечер специјална шоу програма која се менува секој ден во текот на неделата. Мини клуб за деца од 4-12год.
ПЛАЖА: Приватна песочна плажа, пешкири, душеци, чадори за сонце и лежалки се бесплатни.
УСЛУГА: Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужини во текот на денот, ручек, вечера, доцна ужина, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, свежо цедени сокови во Витамин барот. Услуги кои не се вклучени во концептот ултра се вклучено: A’La Carte ресторани со претходна резервација, премиум виски, VSOP и увозни коњаци, увозен шамањ, одбрани вина, цигари и собна полуга.