1.ден: 15 АПРИЛ: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ТЕЛ АВИВ
Состанок на групата на Скопскиот Аеродром 06:30 часот. Лет за Истанбул со ТК1004 во 08:40 часот и слетување во 11:10 часот. Полетување кон Тел Авив со ТК836 во 17:00. На аеродромот Ben Gurion се слетува во19:10 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.
2.ден: 16 АПРИЛ: ВИТЛЕЕМ – МАСЛИНОВАТА ГОРА – НОВИОТ ГРАД – ЕИН КАРЕМ
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед над вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3.ден: 17 АПРИЛ: СТАРИОТ ГРАД – ПЛАНИНАТА ЗИОН – ЕВРЕЈСКИ КВАРТ – ЗАПАДНИОТ ЅИД
По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
4. ден: 18 АПРИЛ: МРТВО МОРЕ – МАСАДА – НАЗАРЕТ
По појадокот со спакуван багаж се упатуваме кон Масада – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод. Искачување на тврдината со жичарница и разглед. Потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме (или плутаме) во пријатно топлата вода. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
5.ден: 19 АПРИЛ: ГАЛИЛЕЈА – СВЕТИТЕ ОЛТАРИ – ТАБХА – ГОРА НА БЛАЖЕНСТВАТА – КАПЕРНАУМ - ЈАРДЕНИТ
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината Beatitude и Tabgha, место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек во традиционален ресторан(вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање.
6.ден: 20 АПРИЛ: ГОРА ТАБОР– НАЗАРЕТ – БАХАЈСКИТЕ ГРАДИНИ – ХАИФА – НЕТАНИЈА
По појадокот (со спакуван багаж) ,ќе тргнеме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението.Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Продолжуваме кон Назарет,во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Патувањето го продолжуваме со посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија. Пристигнување во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање.
7.ден: 21 АПРИЛ: ТЕЛ АВИВ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Одјавување од хотел во утринските часови. Панорамско разгледување на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jaffa. Трансфер до аеродром за летот ТК795 во 14:20. Лет за Истанбул, а потоа заминуваме за Скопје со ЅК1005 во 14:20. Пристигнување во Скопје.
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН