Локација: Се наоѓа во јужниот дел на Хургада на околу 18 километри од центарот и на околу 12 километри од аеродромот.
Сместување: Хотелот е отворен во мај 2014 година. Комплексот се состои од главна зграда и 5 хотелски блокa со вкупно 547 сместувачки единици. Сите соби имаат фен за коса, клима, чајник, сеф, сателитска LCD телевизор, балкон или тераса.
Стандардните соби се околу 33 м2 и можат да имаат поглед на градина, базен или море.
Семејните соби се околу 65 м2 и се состојат од две соби и едно купатило. Во едната соба има брачен кревет, а во другата има два единечни кревети и софа. Семејните соби имаат два телевизори.
Се плаќа: телефон, услуга во соба, мини бар (шише вода по гостин на ден бесплатно).
Плажа: Хотелот има своја плажа долга 1.000 метри со пристаниште. Водата во овој дел е доста плитка и за да се стигне до подлабоко потребно е да се пропешачи, особено за време на осека. Лежалки и чадори на плажа се бесплатни за гостите. На плажата има еден дел со корален гребен кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а најголемиот дел е зона со плитка вода и за да се стигне до подлабоко потребно е да се пропешачи, особено за време на осека (окулу 700м - се препорачуваат чевли на плажа).
Содржини: Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцна, ручек, вечера, доцна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Хотелот нуди пет a la carte ресторани - Om Ali (египетска кујна, бесплатно еднаш по престој), Mama Mia (италијанска кујна), Tiger Lilly (кинеска кујна, бесплатно еднаш по престој), Џабур (индиска кујна), како и рибен ресторан.