Локација: Овој голем и луксузен хотел се наоѓа јужно од Хургада, на 20 минути возење од аеродромот и е оддалечен 20км центарот на Хургада.
Соби: Хотелот располага со 1001 соби со бања, фен, сателитскаТВ, телефон, клима, сеф, мини бар и балкон.
Содржини: Хотелот поседува 7 ресторани, од кои 4 се A-la carte ресторани- Италијански, Азиски, Либански и рибен. Во склопот на хоелот има и неколку барови, дискотека, продавница, СПА и фитнес центар и бесплатен WiFi во лобито.
Спорт и забава: Хотелот има 20 базени, 3 Aqua Park, детски клуб и игралиште; билјард, пинг понг, одбојка на плажа и 4 тениски терени, амфитеатар за вечерни забави и шоуа.
Плажа: Хотелот располага со голема сопствена песочна плажа.